среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бугарскиот премиер потврди дека декларација е основата за договор меѓу двете земји, додека Заев и Бучковски кријат што прифатиле

Имено, премиерот на Бугарија откри дека бугарската декларација е основата за договор за решавање на спорот меѓу двете земји.
Бугарскиот премиер потврди дека декларација е основата за договор меѓу двете земји, додека Заев и Бучковски кријат што прифатиле

Иако премиерот Зоран Заев се уште уверува дека земјата прави се за да изнајде решение со Бугарија и ако успее во тоа, веднаш на 23 јуни ќе треба да ја имаме првата меѓу владина конференција меѓу Македонија и ЕУ, во исто време бугарскиот претседател Румен Радев од Софија порача дека Бугарија бара гаранции при проширувањето на Европската Унија со Македонија.

Во меѓувреме во земјава излезе и дел од содржината на бугарската декларација која Заев наводно ја прифатил за решавање на спорот помеѓу двете земји.

Дел од истата содржи дека:

  1. Бугарија се заканува дека „нема да дозволи интеграцијата на С. Македонија во ЕУ да биде придружена од европска легитимација на државно спонзорирана идеологија на анти-бугарска основа”, а истиот пасус финишира со оценката дека „препишувањето на историјата на дел од бугарскиот народ по 1944 година е еден од столбовите на антибугарската идеолошка конструкција на југословенскиот тоталитаризам
  2. Договорот за добрососедство да биде наведено како уште еден услов во преговорите.
  3. Добрососедските односи имаат хоризонтално значење и следствено треба да се оценуваат во секоја етапа од процесот на пристапување на земјите кандидати
  4. Никаде во документите на ЕУ да не фигурира „македонскиот јазик“, односно ако веќе мора, да се користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија“. Доколку, како што се наведува, „постои апсолутна неопходност да се користи терминот ’македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фусноста да се појаснува дека е тоа „согласно Уставот на Република Северна Македонија“.,треба да биде јасно дека јазичната норма која е прогласена за уставен јазик во Република Северна Македонија, е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите наречја со неговата кодификација во 1944 година.”
  5. До втората меѓувладина конференција, историчарите ќе треба да постигнат согласност за уште една група личности и настани од историјата до 1944 година (не се наведува кои).
  6. Да се хармонизираат училишните програми по историја и литература во двете земји“, и дополнително: „историските и литературните извори од 19 и 20 век, паралелно со адаптираните текстови, да се претставуваат и изучуваат и во оригиналната форма на која биле напишани.
  7. Бугарија ќе инсистира Македонија да ја приложи „учебната програма по историја, географија и литература“ од основните училишта до универзитетите во кои веќе ќе бидат имплементирани сите договорени одлуки на историската Комисија. Истото се однесува и на спомениците во земјата.
  8. Надминување на говорот на омраза во јавниот простор“, особено кон лица кои се идентификуваат како Бугари, но и поголема транспарентност за сопственоста и финансирањето на медиумит.

И додека Заев негира дека прифатил дел спорната декларација со која се бришат националните, културните и историските вредности на македонскиот народ и држава, бугарскиот премиер денеска потврди дека Заев договарал промена на идентитетот.

Тој денеска на средбата со албанскиот колега Еди Рама истакна дека целосно ја поддржува Албанија и нејзиниот третман на малцинството во Македонија, како и дека нашиот проблем може да се реши само на билатерална основа и без мешање.

Имено тој откри дека бугарската декларација е основата за договор за решавање на спорот меѓу двете земји.

Инаку и Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ вчера истакна дека бугарскиот министер за надворешни работи Стоев јасно кажал дека основа за било кои разговори е она кое што е содржано во декларацијата усвоена од Бугарскиот парламент во октомври 2019 година.

Тој во врска со тоа исто посочи дека од друга страна, пак, Заев тоа го негира и затоа е потребно да се излезе во јавноста и да се каже кој ја говори вистината.

-Кажа техничкиот министер за надворешни работи Стоев дека основа за било кои разговори е она кое што е содржано во декларацијата усвоена од Бугарскиот Парламент октомври 2019 година. Сега кој не ја говори вистината? Имаме политички докажан измамник во Македонија и го имаме овој технички министер во Бугарија кои имаат црно-бели ставови. Тука не постои зближување. За да создадете една сива нијанса, невозможно е. Нека кажат кој ја говори вистината, истакна Мицкоски во своето гостување.

По овој повод ВМРО-ДПМНЕ денеска втор ден ќе протестира на три локации во Скопје како и во десетина други градови низ земјата.

Истиот е закажан за од 15 до 17 часот, а како што велат од партијата „ДОСТА Е“ за предавството на Заев и Бучковски.

Најнови вести