четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бугарскиот весник „24 часа“: Данска и Холандија се приклучија на бугарското вето!

Бугарскиот весник „24 часа“: Данска и Холандија се приклучија на бугарското вето!

Дипломатски извор за бугарскиот весник „24 часа“ , брифира дека Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Македонија.

Изворот на весникот тврди дека дури и да нема спорни прашања за Македонија, постои големо неодобрување за преговарачката рамка за Албанија.

Откако Бугарија го блокираше почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, за време на состанокот на ниво на амбасадори во Брисел, прашањето повторно ќе биде отворено на состанок на 7 декември. За следниот ден е закажан Советот за општи работи, на кој повторно ќе се дискутира за процесот за преговори на Македонија.

Најнови вести