петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бугарските власти засега не можат да ја потврдат националноста на загинатиот возач

Бугарските власти засега не можат да ја потврдат националноста на загинатиот возач

Возач на камион со турски регистарски таблички загина при судир на два камиона на автопатот Тракија, кај местото Оризово во реонот на Стара Загора во Бугарија, јави бугарската Нова ТВ.

Портпаролката на Секторот на бугарското Министерство за внатрешни работи од Стара Загора, во изјава за дописникот на МИА од Софија нагласи дека засега не е во можност да ја потврди националноста на загинатиот возач.

Несреќата се случила околу 06:40 часот по бугарско време (05:40 по македонско време) на „161-от километар на автопатот Тракија“ на коловозната лента во правец кон Софија.

Во несреќата покрај турскиот учествувал и камион со бугарски регистарски таблички од Велико Трново. При судирот дошло до излевање на гориво на автопатот од двата камиона, поради што сообраќајот се одвива само на една коловозна лента и е формирана колона возила во должина од околу пет километри.

Претходно, ТВ21 повикувајќи се на првични неофицијални информации од бугарското Министерство за внатрешни работи јави дека загинатиот бил возач на камион со македонски регистарски таблички.

Најнови вести