сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Десетици повредени во судар на автобус од Полска и камион во Германија

Десетици повредени во судар на автобус од Полска и камион во Германија

Десетици луѓе се повредени денеска во судар на автобус од Полска и камион во источна Германија.

Полицијата соопшти дека камионот странично удрил во автобусот додека ја менувал лентата на автопатот А12 меѓу градовите Сторков и Федерсдорф, во германската покраина Бранденбург.

Според полицијата, повредени се 52 лица, од кои 10 потешко, а состојбата на едно лице е критична.

Три хеликоптери, амбулантни возила и полиција се на местото на несреќата каде е затворен дел од автопатот.