среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Царовска ги заборави ветувањата, децата со аутизам ќе чекаат подобри времиња

Царовска ги заборави ветувањата, децата со аутизам ќе чекаат подобри времиња

Предизборни ветувања, кои подоцна очигледно на ум не им паѓа да ги реализираат, е типичен начин на владеење на СДСМ. Имено министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска на својот Фејсбук профил објави дека власта ќе направи нов Центар за деца со аутизам.

Притоа заборавајќи ги ветувањата кои ги даде од опозиција, дека доколку ја  добијат власта  ќе направат повеќе Центри за деца со аутизам низ целата држава, но и ќе воведат бесплатна здравствена заштита за истите.

Две години подоцна и десет месеци откако СДСМ е на власт, ништо од тоа што го ветија не исполнија. Неисполнувањето на овие ветувања од министерката Царовска за децата со аутизам го искажуваат и родители кои се соочуваат со овој проблем.


Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со тогашниот министер за труд и социјална политика, отворија Дневен центар за деца со аутизам во Топанско поле.

Според наши извори, денес оваа установа под надлежност на МТСП е препуштена на здруженија на граѓани да работат со децата и нивните семејства.

Неодамна министерката Царовска со градоначалникот на општина Аеродром промовираше Центар за сензорна терапија менаџиран од Невладина организација. На страната на здружението нема достапни информации за опфатот на деца од социјално загрозените семејства. Иако ветуваше дека овие деца нема да останата изолирани, остана уште едно празно ветување на Царовска и СДСМ.

Погледнете што ветуваше Царовска во 2014-та година.

Најнови вести