На сила го донесоа Законот за попис, сега на сила ќе го спроведат пописот. Но изгледа и дека таму нешто не им штима. Еве, претседателто Пендаровски кој збор не кажа, додека се носеше Законот и веднаш го потпиша указот со кој стапи на сила, неделава изјави дека не било ништо страшно ако пописот се одложи за некој месец, рече Коле Чашуле во својата емисија „Седмица“.
Чашуле додаде дека по изјава на Пендаровски и Заев срамежливо се согласи со него.
-Па, чекајте малку, нели светските милијардери едвај чекаат да се преброиме за да ги инвестираат своите милиони тука. Ние сега ќе го одложуваме пописот, за месец – два? Немојте ви се молам. Шегата на страна, не знам дали нешто не им оди според план или едноставно видоа дека во сред епидемија пописот и не е возможен, еве како што видовме Хрватска го одложи својот, па сега и нашиве нешто се заплеткаа. Навистина, не знам. Ама затоа се согласувам со барањето на опозицијата, пописот да се одложи до 2022 година. Ако можевме да преживееме без него речиси две децении, нема да биде ништо страшно ако почекаме уште една година, истакна Чашуле.
Чашуле посочи дека ако пописот се закаже за 2022 година како опозицијата што бара, тогаш нема да постои ризик за граѓаните каков што сега има поради пандемијата.
-Ама, не тоа важи за нормални демократски држави, ние не сме таква. Еве, дека не сме таква ни стигна и светско признание од „Економист“ дека во Македонија владее хибриден режим, рече Чашуле.
Чашуле додад дека поради СДСМ, Македонија е ставена во групата на хибридни режими и е на ниво со Боливија, Сенегал, Црна Гора, Уганда, Либан итн. Со резултатот 5.89, земјава бележи пад според индексот на демократија во последниве четири години во однос на претходните години кога резултатот бил над 6. И овој извештај стигна пред само една недела, откако претходно Македонија се најде и на разочарувачкото 111-то место на непопуларната листа на Транспаренси Интернешнл, според индексот на корупција. А, тоа е најнизок ранг што Македонија го има откако се мери коруцијата во земјава.
-Значи кратко и јасно, падот во двата извештаи е регистриран, за време на владеењето на СДСМ и Заев, нагласи Чашуле.