– Каде е господине Заев датумот? Повеќе од четири години јавате на оваа манипулација. И сега пред само два дена стана јасно како бел ден дека не сте ја зборувале вистината. И годинава како минатата, и преминатата и таа пред неа, датум нема, нема отворање на поглавја, нема меѓувладина конференција,истакна Коле Чашуле во вчерашната емисија „Седмица“ на Алфа телевизија.
Чашуле додаде дека во петокот пропадна последниот очајнички обид на Португалците кои што се претседавачи на Унијата и на еврокомесарот Вархеи да помогнат и да најдат некаков начин да го одблокираат тоа што го има направено Зоран Заев.
– Пакетот со решенија за деблокада на бугарското вето кон Македонија кое ете го подготвувале 5-6 месеци како што велат не ги помести црвените линии на официјална Софија ни милиметар бугарското вето останува зацементирано. Вархеи и португалскиот министер Силва изгледа толку беа разочарани што летнаа од Скопје без да одржат прес конференција на која требаше да добиеме одговори на клучните прашања за иднината на земјава, појасни Чашуле.
Чашуле посочи дека Силва и Вархеи не ги разубедиле бугарските челници.