недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Честитка од Груби за Божиќ

Честитка од Груби за Божиќ

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска, по повод Божиќ, упати честитки до сите граѓани од православна вероисповед.

Груби во честитката испраќа порака за меѓусебна почит и пријателство.

-По повод вашиот празник Божиќ, посакувам вашите семејства да бидат благословени од светлината на здравјето, мирот и бескрајните добрини. Овие празнични мигови нека бидат рефлексија околу светоста на семејството, околу високите вредности на духовно прочистување, меѓусебната почит и искреното пријателство, наведува Груби.

Најнови вести