Во последните десетина дена Македонија е во епидемиолошка агонија, бројот на новозаразени и починати пациенти драматично се зголемува а власта на чело со СДС и нивните експоненти, си играат предизборна кампања, пишува на Фејсбук доктор Андон Чибишев.
Три месеци без комуникација со најмилите, полициски час, повеќедневни карантини, Велигден без црква и молитва, ограничено движење.
Трпеливоста и дисциплинираното однесување на граѓаните е фрлено во калта. Сега сите гледаат дека од слоганот ,, Слушај го Венко,, и аплаузите немало никаков резултат. Кризата излегува од контрола, притисокот на здравствениот систем и институциите се зголемува, економијата тоне, животот станува се потежок.
Господа, Вашата неискреност и ПР експериментите не доведоа во ситуација кога сите прогласуваат победа ние да се бориме за опстанок.