четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Црн септември: Заев ги извиси сите – лозарите ги излажа, најмладите ги заборави…

Црн септември: Заев ги извиси сите – лозарите ги излажа, најмладите ги заборави…

Старо-новата Влада не успеа да ги реши проблемите на граѓаните, туку таа стана дел од проблемите. Владата како во претходниот мандат така и сега не успеа да ги реши проблемите ниту на учениците, ниту пак проблемите на земјоделците. Почетокот на учебната година и откупот на грозјето ги изненадија како што снегот во декември и војануари ги изненадува.

На само три дена пред почетокот на учебната година, платформата за далечинско учење не е успешна. Програмата на првото пробно пуштање крахираше или на уште првиот ден наиде на проблеми. Имено, учениците и наставниците немаа пристап до платформата, а потоа кога им се овозможи пристап немаа можност за вклучување. Но, до сега нема никакво објаснување од страна на министерката за образование и наука, Мила Царовска иако учебната година започнува за два дена, а со тоа и употребата на платформата за далечинско учење.

Голем проблем во образовниот процес е и тоа што над 40.000 деца во земјата немаат компјутери за следење на настава, но очигледно власта нема слух за ова. Дополнителен проблем е што на постарите компјутери не може да се приклучина на платформата, па ова ќе значи уште еден проблем со кои ќе се соочат и учениците и родителите.

-Имаме само три дена пред почетокот на учебната година. Се уште не знаеме дали компјутерот кој го имаме дома ќе му овозможи на нашето дете да може да ја следи наставата, или ќе мораме да купиме нов комјутер. Од училиштето се уште ни се немаат јавено да ни кажат кога ќе ги добиеме корисничкото име и лозинката, изјави загрижен родител.

Проблеми имаат и земјоделците. Имено, лозарите од Тиквешијата се соочуваат можеби со најлошиот период од годината, откако грозјето им остана на нивите поради лошата откупна цена и пласман од страна на винариите. Лозарите се жалат поради незаинтресираноста на владата да им помогне и да најде решение за нивниот проблем.

-Вранецот го даваме за 4 до 6 денари, смедеревката денес веќе и за 2 понижувачки денари. Заев целосно излажа дека ќе имаме загарантиран откуп, загарантирана цена, вели еден од лозарите.

Се појасно е дека власта нема никакво решение за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Најнови вести