ЦЕЛОСЕН КОЛАПС. Што може да се каже во врска со пожарите, кои сѐ повеќе ја зафаќаат Македонија, освен дека власта, а со неа и Државата, се наоѓаат во целосен колапс, како резултат од нечовечната лакомост, самообземеностa и негрижата/неодговорностa за животите и судбините на луѓето, граѓаните, вели универзитетскиот професор и аналитичар Љубомир Цуцуловски.
-Дури и животинчето – верверичката, на пример – умее да ги антиципира настаните што следат. Затоа, навреме се подготвува за зимата. Песот, за секој случај, останатата коска, грижливо ја обезбедува/закопува. За разлика од животните/ајванчињата овие (не знам како да ги наречам) ниту едно противпожарно средство не набавиле, ниту постоечките антипожарни средства го сервисирале, ниту на каков било начин се организирале и координирале, пишува Цуцуловски на Фејсбук и додава:
„Сепак, на најбезобразен начин се чаталат – никој од нив не помислувал на оставка, бидејќи секој од нив, без каква било грешка, го направил она што требало да го направи. Вината била кај другите. Другитете ја бараат кај првите. И сѐ така, во бескрајно бесрамен круг“.