сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Да, вистината боли: Договорот за „Хемиско“ ги разобличи лагите на Шилегов (ФОТО)

Да, вистината боли: Договорот за „Хемиско“ ги разобличи лагите на Шилегов (ФОТО)

Кровната конструкција на средното хемиско училиште во Скопје „Марија Склодовска“ е речиси целата откорната. Беше потребно само еден силене ветер за да попуштат градбите за чиј квалитет гарантира скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

Штетата беше толку голема што утринава е загрозена и безбедноста на учениците во училишниот двор.

За потсетување Шилегов буквално се „колнеше“ во квалитетот на реконструкцијата на ова училиште, па дури и го одложи почетокот на школската година во септември се со цел завршување на градежните работи.

Очигледно политиката на Шилегов за само промовирање и фотографирање денеска се гледа на дело од овие фотографии.

Но, ветерот даде многу поголема слика за скопскиот градоначалник од таа дека тој не се залага за квалитет. По којзнае кој пат, скопскиот градоначалник е фатен во лага.

Имено, тој денес, повеќе се загрижи за критиките кон него отколку за големата штета, па побрза да ја тргне одговорноста од себе. И уште еднаш излажа.

-Бидејќи вистината боли, па почнаа да спинуваат. Кровот на Хемиско е “реконструиран” во 2009 година, кога министер беше Никола Тодоров и тоа од страна на министерството. Квалитетот на “реконструкцијата” е видлив на фотографијава. Годинава, ние ја реконструиравме фасадата на училиштето (енергетски ефикасна). Како што гледате, фасадата е во одлична состојба, истакна денес Шилегов.

Но, КУРИР дојде до договорот за реконструкција на кровот и истиот е склучен во 2017-та година! Таа година, на власт во државава е СДСМ!

Како што самиот рековте, градоначалнику, да, вистината боли!

Бидејќи Шилегов вината ја насочи кон министерството за во 2009-та, треба да ја насочи попрецизно и сега. Од 1-ви јуни 2017-та  до 4-ти јуни 2018-та година министер за образование и наука е Рената Дескоска, сопартијката на Шилегов и Заев.

Кој од нив треба да понесе одговорност за оваа состојба? Лагите на Шилегов се разобличени.

Во 2019-та година, потписот на Шилегов блеснува на договор поврзан со истата намена, за истото училиште, демонтажа на кровната конструкција и исфрлање во депонија.

Најнови вести