четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дали лажењето на Заев е заразно? Алтернатива докажа дека зборот за нив не вреди ништо

Дали лажењето на Заев е заразно? Алтернатива докажа дека зборот за нив не вреди ништо

Се погласни се шпакулациите на јавноста дека Алтернатива на Африм Гаши може да влезе во коалицијата на СДСМ и ДУИ и така да го обeзбеди мнозинството на власта по излегувањето на БЕСА. После драмата која се случуваше минатата недела од која резултатот во Собранието на република Македонија е реми, односно 60:60, извори од СДСМ нејавуваат дека мнозинството на власта е обезбедено со влезот на Алтернатива во Владата.

Ваквите информации особено се подгреаа откако лидерот Гаши ја прифати поканата за разговори со Зоран Заев. Засега според извори во Алтернатива постојат два табори и се чека одлука на органите на партијата за тоа дали ќе го создадaваат новото парламентарно мнозинство или ќе останат во опозиција. Според изворите, едниот од таборите го потсетува лидерот Гаши дека Алтернатива својата политичка реторика со години наназад ја базираше на критика на владата и ДУИ како нејзин дел.

Зборот на Гаши и Алтернатива е на тест ставовите на Гаши искажани во август минатата година после парламентарните избори, беа дека важно е Албанците да имаат здрава опозиција, а тоа би биле или тие како коалиција или ДУИ. „Затоа ние не можеме да бидеме дел од иста влада со ДУИ овој пат“, посочи Гаши тогаш.

„Ние не сакаме да бидеме дел од Влада со каква било политичка партија. Кога ќе дојде на маса таа понуда, програмата и форматот, тогаш би имале јасен одговор. Нашиот дел е кажан, јасно сме кажале кои се нашите позиции. Коректно сме позиционирани и во однос на ДУИ и во однос на македонските политички партии, не сакаме никого ниту да фаворизираме, ниту да хендикепираме“, истакна Гаши во август 2020 година во емисијата Само вистина и дополни дека не може Алтернатива да се договори за влада без Алијанса за Албанците, со која заеднички настапија на парламентарните избори, а коалицијата ја продолжија потоа и на локалните избори оваа година.

Овој став на Алтернатива беше повторен и по официјализирањето на коалицијата на СДСМ и ДУИ. Владата на СДСМ и ДУИ ќе биде нелегитимна за Албанците и нема да трае долго, рекоа од Алтернатива и Алијанса, откако лидерите на СДСМ и ДУИ се договорија за нова владејачка коалиција.

Според нив, ДУИ победила со полнење кутии, закани и уцени и ги измамила гласачите со тоа што веднаш се откажала од нивното главно предизборно ветување за премиер Албанец, поради што и добиле гласови. Коалицијата на двете партии тогаш најави жесток отпор против ДУИ. Ќе се бориме да ја срушиме оваа нелегитимна влада на легален начин, рекоа во август 2020 лидерите на опозициските партии на Албанците.

Гаши дури беше и погруб па ги прокоментира предизборните ветувања на ДУИ со зборовите: „Се губи секаков легитимитет затоа што сте собирале гласови врз основа на тоа ветување. Оваа компонента на демократијата ако не ја вратиме, ќе изгуби смисла јавно искажаниот збор. Ние веќе не знаеме како да се однесуваме пред граѓаните, дали на следните избори и ние да лажеме, дали и ние да манипулираме“, рече Гаши.

Во март месец 2021-ва лидерот на Алтернатива, Африм Гаши повторно посочи дека би учествувале во Влада само доколку ДУИ е опозиција. Ако е понудата да се формира Влада до локални избори па потоа да одиме на нови парламентарни избори, можеме да разговараме. Сакаме да излеземе од кризата. И секако, никако со ДУИ. Нема да бидеме дел од Владата со ДУИ “, изјави во „Click Plus“ на ТВ21, Африм Гаши – лидер на Алтернатива на 8 март 2021.

Алтернатива не прифаќа заедничко владеење со СДСМ и ДУИ, беше ставот на секретарот за односи со јавноста на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими даден во октомври оваа година. Ние не побаравме да се приклучиме. Не гледам причина некој да прифаќа неартикулирани барања. Немаше ниту едно барање, ниту молба за Алтернатива да му се приклучи на парламентарното мнозинство. Ние сме во процес на формирање ново парламентарно мнозинство од кое дел нема да бидат оние што се сега во Влада која речиси и воопшто не постои“, посочи Зеќирија Ихбрахими.

Првите сигнали за пишманење на Алтернатива за учество или не во влада заедно со ДУИ почнаа во драматичните денови пред гласањето на недовербата на владата на Заев. Тие денови пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд, почна со негодување и најави дека нема да гласа за пад на ДУИ доколку во истата иницијатива учествува и Левица. Овој негов став наиде а огромен отпор и негодување од страна на активистите, поддржувачите и симпатизерите на Алијанса. Меѓу најгласните од нив беше нивниот огранок во Општина Чаир.

Претставници на огранокот на Алтернатива во Чаир велат дека „одржале итен состанок во врска со создадената политичка ситуација. Од овој состанок огранокот се огласи со едногласен став дека Алтернатива треба да гласа за уривање на Владата на СДСМ – ДУИ“. Пишува во соопштение на информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

Од огранокот децидно одлучиле дека: „Ако пратениците на Алтернатива не гласаат против Владата на СДСМ – ДУИ, тогаш тие ќе ја престанат со својата политичка активност“ – стои во соопштението објавено од „Журнал“.

Дали реториката со лаги е само одлика на Зоран Заев или тоа е веќе заразно останува да видиме. Дали лидерот на Алтернатива, Африм Гаши ќе остане на зборовите кои ги кажал дека нема да учествува во Влада во која партиципира и ДУИ или ќе ги погази, ќе покаже исходот од неговата средба со Заев.

Но едно е очигледно, а тоа е дека членството на Алтернатива во голема мера е против учество во таква власт заедно со ДУИ и можно е дополнителни турбуленции и можен раскол во партијата која и самата настана со одвојување од движењето БЕСА.

Најнови вести