Премиерот Зоран Заев синоќа уште еднаш по кој знае кој па ја скандализираше македонската јавност, па со гестикулација на раката во стилот „мало сутра“ и се обрати на малубројната публика која го следеше, а ја навреди опозицијата и кандитката за градоначалник Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.
Овој акт на Заев комуниколозите го оценуваат и како сексизам кон Арсовска, но прашањето кое сите го поставуваат е како премиерот ќе отиде во ЕУ и како ќе го објасни неговото однесување?
Денес Заев ќе има средба со канцеларката Меркел, а токму таа на почетокот на својата кариера била министер за жени и младина, и истата важи за голем поборник на правата на жените, но и личност со висок морал.
Дали Заев кога седнува со Меркел се срами од своите постапки, или се однесува како тоа да е друг Заев, останува да видиме.