вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Данев: ВМРО-ДПМНЕ ќе го оспори неуставниот закон за двојазичност, кој беше донесен неделовнички

Данев верува дека Уставниот суд ќе донесе соодвентна одлука која ќе биде во насока на почитување на уставните одредби, односно Уставот на Република Македонија. Според него такво е генерално мислењето на стручната јавност на експертската јавност и мислењето  на граѓаните на Република Македонија.
Данев: ВМРО-ДПМНЕ ќе го оспори неуставниот закон за двојазичност, кој беше донесен неделовнички

Вчерашниот ден беше црн ден за македонската демократија, вели координаторот на претеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев и додава дека тоа е ден што ќе остане во меморијата на граѓаните на Република Македонија како ден кој не треба да се повтори.

-Вчерашниот ден Талат Џафери скрши мал милион одредби од деловникот за работа во Собранието на Република Македонија и Уставот и на сила истурка еден противуставен закон и во една противделовничка процедура. Не и овозможи на опозицијата, односно на нас како пратеници кои ги поднесовме амандманите расправа по амандманите која е деловничка можност и на сила веднаш прејде на гласање во однос на самиот закон. Имаше неколку деловнички моменти односно одредби со кој можеше Талат Џафери да ги искористи за на некој начин ги групира и тоа му го дозволува деловникот ете и таа можност треба да ја знаат граѓаните на Република Македонија и со тоа да ја скрати расправата, рече Данев за Канал 5 телевизија.

Данев додаде дека со ваквото спојување на амандманите ќе требало некаде до кај месец дена за да се овозможи амандманската расправа согласност со деловникот, но тоа СДСМ не го овозможиле и го направија тоа за што беше сведок целата македонска јавност.

-ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, а верувам дека други организации, институции и граѓани во Република Македонија ќе се вклучат во нашите иницијативе овој закон да се оспори на Уставен суд и Уставниот суд да донесе соодветна конечна одлука. Ако ги погледнете денешните реакции и од најголемите поддржувачи на СДСМ ќе видите дека се работи за неделовничка процедура и носење на еден неуставен закон, вели Данев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги превземе сите демократски мерки кои што ни стојат на располагање на едена опозиција да овој закон да биде уставно оспорен пред уставниот суд додава Данев.

Тој исто така ја  поздравува одлуката на претседателот на Република Македонија, Иванов да не го потпише овој закон. Данев верува дека Уставниот суд ќе донесе соодвентна одлука која ќе биде во насока на почитување на уставните одредби, односно Уставот на Република Македонија. Според него такво е генерално мислењето на стручната јавност на експертската јавност и мислењето  на граѓаните на Република Македонија.

Најнови вести