недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Даскаловски: Говорот на Заев е непотребен и штетен, координираност помеѓу премиерот, Димитров и Османи нема, владее хаос кој штети на Македонија

Даскаловски: Говорот на Заев е непотребен и штетен, координираност помеѓу премиерот, Димитров и Османи нема, владее хаос кој штети на Македонија

– Говорот на Заев е непотребен и штетен на неколку нивоа. Во принцип кога ја разбркувате јавноста со едно интервју на БГНЕС и кажувате дека ние сме фактички дел од бугарскиот народ, а денеска зборувате Македонци, македонски народ е очигледно дека во една од овие две ситуации лажете. Во која ситуација лаже премиерот, сами ќе си проценат граѓаните и јавноста,истакна, Жидас Даскаловски при своето гостување во „24 анализа“.

Даскаловски додаде дека очигледно е по говорот и изминатите изјави на Заев дека нема една конзистетна политика по ова прашање со Бугарија. Координираност помеѓу Заев, Димитров, Османи нема, тука владее тежок хаос.

– Штетно е интервјуто бидејќи со ништо не придонесува да се мрднеме од точката во која што се наоѓаме сега. Штетно е и ова интетвју и изјави кои што ги слушнавме вчера дека ние сега, Македонија ќе биде во ситуација да ги чека изборите во Бугарија. А, изборите во Бугарија се во март месец. Што ќе чекаме до март? Да победи Борисов, или да изгуби Борисов? Многу нејасни работи кажуваат, не се фокусираат на работите како што треба. Кажуваат дека ова е прашање кое што ЕУ не смеела да го дозволи, дека во принцип не смеела да дозволи билатерален однос да влијае на проширувањето, дека не смеела да дозволи самоопределувањето да биде нарушено, не смеела ова, не смеела она, а всушност сето тоа тие го направија со Преспа, нагласи Даскаловски.

Даскаловски посочи дека тажно, а и истовремено е смешно да слушаме од оваа влада дека се навредени, погодени од реакциите на Бугарија, кога истото тоа го правеше и Грција. А, владата тогаш реши да го смени името.

Најнови вести