Либерално-демократската партија бара премиерот Зоран Заев да свика средба на коалиционите партнери по интервјуто за бугарски БГНЕС.
Ваква одлука донел извршниот одбор на ЛДП на вчерашната седница.
„ЛДП бара средба на коалиционите партнери за да се разговара за еу перспективите, особено во контекст на ветото од Бугарија и интервјуто на премиерот за БГНЕС“ – стои во партиското соопштение.
Претходно со осуда за интервјуто на Заев излезе и поранешната претседателка на дом, Лилјана Поповска.