сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дел од ослободените од притвор за 27 април, повторно уапсени

Дел од ослободените од притвор за 27 април, повторно уапсени

Само еден ден откако беа ослободени од притвор, обвинетите за настаните во Собранието од 27 април, синоќа повторно беа уапсени.

Република пишува дека полициски специјалци синоќа вршеле насилни упади во домовите на обвинетите и пред нивните најблиски со брутални методи ги апселе и изнесуваат со лисици.

Како што дознава Република, брутално пред очите на нивните семејства (кои се израдуваа на ослободувањето од притвор на нивните најблиски), по полноќ повторно биле приведени М.Ч, М.П, Д,Л, О.П и Г.Ѓ, кои беа пуштени.

За овие лица Република има потврда, но сеуште не се знае дали се уапсени и други обвинети.

Република се обиде да стапи во контакт со портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, но тој вчера вечерта не одговарал на телефонските повици.

Инаку вчера обвинителството поднесе обвинение против 30 лица за настаните кои се случија во Собранието на 27 април кога беше извршен упад во Собранието.

Од вкупно 35 осомничени обвинението е поднесено против 30 лица, за четири лица е прекината постапката бидејќи не се достапни за органите на прогонот, а за едно лице постапката е запрена бидејќи обвинителството не нашло докази дека лицето сторило кривично дело.

Дваесет и осум лица се товарат за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста, а две лица се товарат за помагање за истото кривично дело.

Најнови вести