недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Денешен“: Осум прашања за можната катастрофа по негативните тестови кај починатата жена од Куманово

„Денешен“: Осум прашања за можната катастрофа по негативните тестови кај починатата жена од Куманово

Двата негативни тестови кај починатата жена од Куманово отвораат дузина прашања на кои министерот за здравство Венко Филипче засега не даде одговор.

Осумте прашања кои ги поставува ДЕНЕШЕН, ви ги пренесуваме во продолжение:

Прво: Каде се правени тестовите?

Воро: Дали е правилно земен брисот? Во Куманово или во Скопје?

Трето: Кој сега гарантира дека тестовите се во ред?

Четврто: Дали жената била лечена според протоколите за Ковид 19, иако тестовите биле негативни?

Петто: Според тврдењето на нејзиното семејство таа била лечена по телефон во текот на неколку дена? Како е тоа можно?

Шесто: Дали има друг пријавен случај во светот каде пациентот носител или заболен од Ковид 19 бил носител, а тестовите биле негативни? Во литературата и во практиката постојат случаи, на пример кај некои автоимуни болести, каде тестовите за таа болест се негативни, а сепак, пациентот ја има болеста што се утврдува и на други начини. Но тие болести не се пренесуваат од човек на човек и последици за другите нема.

Седмо: Ако има такви примери, каде, во кој медицински часопис е опишан тој случај?

Осмо: Дали овој случај со жената од Куманово значи дека сите негативни тестови направени досега во Македонија паѓаат во вода, бидејќи според овој случај, можно е некој да е негативен, а да не развие симптоми како жената од Куманово (ако не се лажеме, голем процент на заразени нема да развијат симптоми, а само кај 20 отсто ќе се случи тоа) и со тоа да не биде во принудна изолација или самоизолација и слободно да го пренесува вирусот меѓу другите?

Извор ДЕНЕШЕН

Најнови вести