Македонската православна црква денеска го одбележува воскреснувањето за мртвите, денот кога се оди на гробиштата на починатите и кога на гробовите се носат бојадисани јајца.
Првиот ден по Томината недела која се славеше вчера е воскреснувањето на мртвите.
На овој ден се оди на гробишта и се посетуваат нивните вечни домови кои се чистат и уредуваат.
Оние кои денеска ќе одат на вечните почивалишта на нивните блиски треба да се поздрават со поздравот „Христос Воскресе“.