вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Денеска во Софија се одржа самитот на Европската народна партија, Мицкоски одржа неколку билатерални средби

Денеска во Софија се одржа самитот на Европската народна партија, Мицкоски одржа неколку билатерални средби

Денеска во Софија се одржува самит на Европската народна партија, на кој учесник е и македонската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. На самитот претседателот на ЕПП порача дека запдно-европските земји мора и формално- правно да станат дел од европското семејстов,а дека одговорноста е и во рацете на Брисел.

Домаќинот Борисов и Дол пред почетокот на состанокот на сите сестрински партии од цела Европа, во Резиденцијата Бојана во Софија порачаа дека очекуваат помирување на сите земји кои имаат билатерални проблеми за да се демонстрира позитивна енергија.

-Географски припаѓаме на ист простор, делиме исти цели. Балканот секогаш бил приоритет за Европската народна партија, но одговорноста за се што се случува на териториите на Западен Балкан ја има и Европската Унија. Она што сите заедно треба да се потрудиме да направиме е да го обезбедиме владеењето на правото, да се бориме против корупцијата, да им ја дадеме сета поддршка на западнобалканските земји, на кои местото им е во европските граници каде што се, изјави Дол.

Домаќинот средбата Бојко Борисов порача дека граѓаните од Западен Балкан заслужуваат да бидат интегрирани.

-Не сме тука да зборуваме за леви или десни. Граѓаните на Западен Балкан заслужуваат да бидат интегрирани во европското семејство. Ако не им помогнеме тогаш не треба ниту да бидеме изненадени ако заради тоа се зголеми влијаието на Русија и Кина, изјави Борисов

Инаку самитот на Европската народна партија го искористи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој оствари неколку билатерални средби со големи европски политичари, како Јозеф Дол, Себастијан Курц, Доналд Туск и Јоханес Хан.

 

Најнови вести