вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Денот на УЧК за СДСМ е поважен од споменот за првиот премиер Кљусев

Во Република Македонија никаков настан не беше организиран од Владата, за да се одбележи ликот и работата на Кљусев една деценија по неговата смрт, но затоа СДСМ го одбележа денот на паднатите борци на УЧК во Арачиново.
Денот на УЧК за СДСМ е поважен од споменот за првиот премиер Кљусев

Пред два дена, на 16-ти јануари, беше 10-годишнина од смртта на Никола Кљусев, првиот премиер на првата експертска Влада на Република Македонија.

Но за актуелната влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, поважно беше додворување кај албанските коалициони партнери отколку споменот за овој важен лик од поновата македонска историја.

Во Република Македонија никаков настан не беше организиран од Владата, за да се одбележи ликот и работата на Кљусев една деценија по неговата смрт, но затоа СДСМ го одбележа денот на паднатите борци на УЧК во Арачиново.

СДСМ ја слави УЧК

Се прослави формирањето на терористичката УЧК и паднатите животи на терористите од Арачиново. СДСМ полага свежо цвеќе на споменикот на УЧК во Арачиново.

На официјалната страна на СДСМ Арачиново може да се забележат фотографии од одбележувањето на манифестацијата „Јануарски Огнови, манифестација посветена на паднатите борци од селото. На фотографиите е и градоначалничката од редовите на СДСМ на Арачиново, Миликије Халими.

Настанот е пренесен и од официјалната страна на Општина Арачиново, на кое се наоѓа и соопштение за настанот. Соопштението гласи:

-Во говорот одржан пред општината, градоначалничката Миликие Халими  кажа дека ние сме тука благодарение на паднатите херои кои го дадоа својот живот и придонес за албанската земја и албанскиот народ. Во јануари Baрдош и Јусуф Грвала како и Кадри Зека беа оние кои ги дадоа своите животи за посветла иднина, но и покрај тоа тие не се меѓу нас, нивниот идеал да не се заборави, напротив, да биде материјализиран од страна на младите, кои со упорност го бараа албанското решение во немирниот Балкан. Таа вели дека се чувствува горда на семејствата кои создадоа борци за слобода кои сега почиваат на гробиштата во Арачиново. Таа, исто така, го спомна и нејзиниот школски другар Музафер Агуши со кого заедно следеа настава во Арачиново, каде што тој го даде својот живот за слободата што сега ја уживаме, а Миликије Халими ја ужива својата функција како Градоначалничка на нашата Општина. Паднатите борци не припаѓаат само на семејствата во кои се родени и израснати, паднатите борци не припаѓаат само на селото од кое доаѓаат, паднатите борци му припаѓаат на албанскиот народ и ние сме горди на нив. Паднатите борци треба да ги спомнуваме не само во спомен говори, туку и со дела со кои ќе придонесеме за благосостојбата на нашиот народ да ги почестиме образованите млади и да имаме подобра иднина, на тој начин, само така ќе ги спомнуваме и идеализираме целите на паднатите борци во јануари, се наведува во соопштението од општината со која раководи кандидат на СДСМ.

 

Промовираа двојазична поштенска марка и одбележуваат годишнина од смртта на Скендербег, заборавајќи на Кљусев

Македонско-албанска двојазична поштенска марка со ликот на Ѓорѓ Кастриот и на која името на државата Република Македонија е испишано само на латинично писмо издаде Македонска пошта. Марката е издадена по повод 550 години од смртта на Скендербег.

Директорот на Македонска пошта, Фадис Реџепи тврди дека марката е издадена според закон и внатрешните уредби на поштата, но не сакаше да открие дали е применет новиот закон за албански јазик кој не е стапен во сила, или пак кој друг закон пропишува државни двојазични поштенски марки и латинично писмо за името на државата.

Ниту Талат Џафери, иако е дел од законодавниот дом, не кажа кој закон е применет кај спорната марка.

 

Во мандатот на Кљусев воведена македонската валута и формирана македонската Армија

Никола Кљусев беше првиот премиер на првата експертска Влада на Република Македонија во периодот од 1997-1992 година и одигра значајна улога во воспоставувањето на независноста и сувереноста на македонската држава.

Во текот на неговиот мандат, била воведена македонската валута и се формирала АРМ.

По падот на првата експертска влада во земјата, Кљусев во 1994 година бил избран за претседател на Националната конвенција на Македонија и на Советот на ВМРО-ДПМНЕ во 1997-ма година.

Во периодот од 1-ви декември 1998-ма до 28-ми јулу 2000-та година беше министер за одбрана во Владата на Љубчо Георгиевски, а во 2006-та година бил именуван од Владата на Република Македонија за претседател на Управниот одбор на Агенцијата за директни странски инвестиции.

На 16-ти јануари 2008-ма година починал ненадејно, најверојатно од срцев удар.

За својот научен допринос академик Никола Кљусев е одликуван со Орден Златен венец и е носитела на наградата „13 Ноември“, а за шивотно дело ја добил наградата „11 Октомври“, како и бројни пофалници и признанија во земјата и странство. Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, постхумно го одликувал академик Никола Кљусев, со орденот „8 Септември“.

Најнови вести