„Денови на хуманост“ е насловена хуманитарната акција за помош на бегалците од Украина што ќе се одржува од денеска до петок во Скопје.
-Ги повикувам сите пријатели да се вклучат и да помогнат на загрозените украински граѓани, со донирање на облека, храна, производи за хигиена или, пак, додатоци во исхрана, коишто може да се донесат во МОШ Бар. Деновите на хуманост ќе завршат со хуманитарна забава во МОШ во петок, 27 мај 2022 – каде со секоја влезница од симболични 100 денари, ќе можеме заеднички да собереме средства за оние, кои ги изгубиле своите домови и сѐ што имале и создавале во Украина, изјави иницијаторот на „Денови на хуманост“, Јован Андоновски.
Хуманитарната акција „Денови на хуманост“ е во организација на иницијаторот Јован Андоновски, заменик народен правобранител и МОШ Бар во Скопје, а собраната помош ќе ѝ биде доделена на Амбасадата на Украина во Скопје и распределена на бегалците од Украина во земјата.
Пунктот за донации ќе биде отворен во МОШ Бар, од 09 часот наутро, се до 16 часот во текот на овие три дена, а хуманитарната забава во петок, ќе започне во 21 часот.