Универзитетскиот професор Тони Дескоски на својот Фејсбук профил сподели статус во кој вели дека претседателот Стево Пендаровски вчера имал многу добра порака во своето обраќање за случајот „Рекет“.
-Многу добра порака од Претседателот!
За жал, по малку сме скептични, имајќи го предвид фијаското во пресметката со Октоподот од ТАТ во 1997 година, а и последователните големи скандали.
Исто така, идејата не Претседателот за самоиницијативни искази на јавни функционери во обвинителството не е добра, затоа што ќе го закочи обвинителството до искази од нерелевантни лица. И во 1997 година, сите државни функционери поднесуваа посменинизјави, но без ефект.
Изјави треба да дадат тие што ќе бидат повикани, со присуство на адвокат, пишува во својот статус Дескоски.