четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Деведесет и двајца пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Деведесет и двајца пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Деведесет и две лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот на 19 јануари на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје, информираа за МИА денеска од Скопската епархија.

Пријавувањето почна на 2 јануари, а завршува денеска.

Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде на 19 јануари напладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.

Претходно, архиепископот г.г. Стефан во 9 часот ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

МИА

Најнови вести