недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дијаспората до Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!

Дијаспората до Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!

Неуспехот на референдуот се едначи на дебакл на коалицијата на премиерот Заев и министерот Димитров, велат од Обединета Македонска Дијаспора. Како што порачаа тие, премиерот и министерот за надворешни работи после ваквите резултати од референдумот, треба да поднесат неотповиклива оставка.

„Македонските гласачи се одзваа на референдум за промена на уставното име на Република Македонија во Северна Македонија. Излезеноста на гласачите беше помала од 37% од вкупниот број регистрирани гласачи на единствениот гласачки список, со што референдумот се карактеризира како невалиден според македонскиот устав. Според Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) – водечкиот глас на македонците надвор од Македонија, неуспехот на референдумот се едначи на дебакл на владеачката коалиција предводена од Премиерот Зоран Заев, поради што ОМД повикува на итна и неотповиклива оставка на Премиерот Зоран Заев и Министерот за Надворешни Работи Никола Димитров.“, стои во соопштението на ОМД.

Најнови вести