среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриеска Кочоска: Ковачевски е тој кој го прави предавството, а се крие зад оцрнување на ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ е за интеграција, но со достоинство, а не со понижувања

Димитриеска Кочоска: Ковачевски е тој кој го прави предавството, а се крие зад оцрнување на ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ е за интеграција, но со достоинство, а не со понижувања

Неуспешни се сите обиди од страна на СДСМ во кои што се обидува да ја обвини ЕУ за лошите состојби во државата, се обиде да го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не доволно ги брани националните интереси. Меѓутоа мора да знаеме дека уште од почетокот на преговарање на СДСМ за распродажба на националните интереси тие имаат поставено две цели. Првата цел беше да ја обвинат ЕУ за сето лошо што се случува во државата, односно лошата состојба и втората цел која што ја имаа поставено беше да инфилтрираат нивни структури во опозицијата кои што постојано ќе коментираат дека опозицијата е премногу блага и недоволно се бори за националните интереси на Македонија. Меѓутоа ниту едната ниту другата цел не им успеа, вели Гордана Димитриеска Кочоска одговорајќи на новинарско прашање за обвинувањата од страна на СДСМ дека е антиевропска партија денеска од Тетово.

-Прво да не заборавиме СДСМ е таа партија која што во континуитет правеше во години наназад хајки против ЕУ, да не го заборавиме нападот кој што го направија врз поранешниот француски амбасадор Тимонје, во исто време граѓаните повеќе од јасно знаат кој е предавникот во државата и точно тие знаат дека предавството не доаѓа од надвор. Предавствата се случуваат во Македонија и тие имаат име презиме, почнувајќи од Зоран Заев, преку Стево Пендаровски, за денес да зборуваме дека и Димитар Ковачевски ја продолжи таа предавничка политика, вели Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е проевропска партија која е за влез во Европската унија на достоинствен начин, а не како што сега тоа го прави власта, укажувајќи дека единствен излезе од ваквата ситуација е одржување на референдумот кои што го бараат, а од кој што СДСМ очајно бега.

-Жално е ова што ќе го искоментирам, но имам чувство дека се во состојба и сопствената мајка да ја предадат само за да останат ден повеќе на власт, за да можат да се збогатат што е можно повеќе да крадат од граѓаните, и да не сработат ништо во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е проевропска парија. Партија која што од самите зачетоци зборува дека патот на Македонија е во ЕУ и тоа во континуитет се бори и прави. Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ е за влез во ЕУ достоинствено, а  не со понижувања. И единствен излез за тоа е преку референдумот кој што го бараме, а од кои што тие очајно бегаат, заклучи Димитриеска Кочоска.

Најнови вести