среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриеска-Кочоска: Сивата економија мора да се намали ако сакаме компаниите да даваат придонес во македонската економија

Димитриеска-Кочоска: Сивата економија мора да се намали ако сакаме компаниите да даваат придонес во македонската економија

Дополнителната министерка за финанси, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска беше во посета на повеќе компании во кругот на Автоцентар, во Општина Гази Баба, при што од истите беше запознаена со проблемите со кои се соочуват.

Во продолжение целата објава на дополнителната министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска:

Денеска бев во посета на повеќе компании, кои работат во кругот на Автоцентар, во Општина Гази Баба, кои претежно се ориентирани кон продажба и увоз на автоделови и горива.

Овие компании вработуваат голем број на луѓе и треба да се сфатат сериозно нивните забелешки и предлози. Се повторува и тука проблемот со стручен кадар и одливот на младите луѓе, а голем проблем е и сивата економија во овој сектор.

Сивата економија мора да се намали ако сакаме компаниите да опстојат и да даваат придонес во функционирањето на македонската економија. Во иднина ќе дадеме голем фокус за решавање на овој долг и горчлив проблем во Македонија.

Најнови вести