петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Отстапки од одржување на избори на 12-ти април, ВМРО-ДПМНЕ нема да направи

Димовски: Отстапки од одржување на избори на 12-ти април, ВМРО-ДПМНЕ нема да направи

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ денеска беа во посета на Делчево. Во многубројните средби остварени во центарот на градот со делчевчани, членови на највисоките партиски тела на опозициската партија разговараа директно со граѓаните на Делчево во центарот на градот како и на градскиот пазар.

Димитар Димовски од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на посетата се запозна со секојдневните проблеми на делчевчани со кои се соочуваат во нивното секојдневие.

Притоа од Делчево упати силни пораки против секакви отстапки на ВМРО-ДПМНЕ од спроведувањето на изборите на 12-ти април, наспроти намерите на Зоран Заев да побегне од изборите:

-Денеска сме во Делчево, со кампањата Обновата пред вашиот дом. Целта на оваа кампања е да ги слушнеме проблемите на граѓаните, да ја видиме и реалноста во која што се живее во Делчево. Таа реалност што ја гледаме е повеќе од тешка, мачна, луѓето се среќаваат со сериозни проблеми, со немаштија, со се помалку работа… пазарот за жал од недела во недела очигледно е попразен и попразен. Ова е реалноста во која што живеат луѓето во Делчево и ова е реалноста која после 12-ти април мораме да ја промениме. Обновата доаѓа, на 12 април, народот ќе го казни владеењето на оваа ненародна власт, која што 3 години се занимава само со уништување на се што е Македонско, со уништување на економијата, со уништување на патриотизмот, со уништување на националното. После 12-ти април народот и денес ни порача дека Обновата доаѓа. Верувам дека во Делчево луѓето се свесни, што треба да направат на 12-ти април. Пораките кој што денеска ги упатија е дека очекуваат од нас, конечно да дојдат на власт луѓе кои што чесно ќе се занимаваат со политика, кои што ќе ја вратат надежта кај народот и луѓе кои што ќе ја обноват Македонија, истакна тој.

Во однос на дилемите и обидите на владеачката СДСМ и Зоран Заев, кои што во неколку наврати се обидуваат да побегнат од избори, Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димовски упати силна порака дека ВМРО-ДПМНЕ нема да му деозволи такво сценарио на Зоран Заев кој што знае што го очекува.

-Живееме во една реалност во која што девалвирано и девастирано е цело општество-сите пори на општеството. Девалвирано е образованието, девалвирано е здравството, економијата е урнисана, затоа на 12-ти април избори мора да има а на 12-ти февруари изборите мора да бидат распишани. Ако не бидат распишани на 12-ти февруари изборите, СДСМ ќе ја втурнат Македонија во уште посериозна, уште поголема политичка криза. И тоа е главната причина поради која што не може да не се распишаат изборите на 12-ти февруари. Отстапка од распишување на избори ВМРО-ДПМНЕ нема да направи, и отстапки од одржување на избори на 12-ти април ВМРО-ДПМНЕ нема да направи. Изборите ќе се случат и народот ќе си го каже своето на 12-ти април, заклучи на крај на својата изјава Димитар Димовски.

Најнови вести