вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Уште непочнат пописот веќе има искри, на Македонија и треба строго дигитален попис

Димовски: Уште непочнат пописот веќе има искри, на Македонија и треба строго дигитален попис

-Проблематично е тоа што Законот за попис предвидува било каков акт кој што ќе се издаде во врска со пописот, подготовката, изборот на пописните реонски Комисии, па и финалните резултати мора да одат со врзан потпис од страна на директорот кој што е поставен од страна на СДСМ и директорот кој што е поставен од ДУИ. Така што уште непочнат пописот веќе има искри“, нагласи поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во утринската на 24 телевизија.

Димовски додаде дека тој ја погледнал методологијата по искрењето помеѓу директорите. И според него директорот Апостол Симовски по однос на ова прашање е во право. Но, самото искрење од страна на заменик директорот кој што ќе ја има улогата на коректор на резултатите од пописот не дава добар сигнал.

-Затоа велевме ние многу пати дека ваков тип на попис ќе направи политички проблеми. Јас сум сигурен денеска во тоа. На Македонија и требаше строго дигитален попис“, истакна Димовски.

Димовски посочи дека според новиот Закон за попис Македонија ќе има теренски попис кој што во пред пописна фаза ќе користи бази на податоци за олеснување на внесот на податоци од теренскиот попис.

Најнови вести