недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДИПЛОМАТСКИОТ ПЕРСОНАЛ ЕВАКУИРАН, МАКЕДОНЦИ СЕ УШТЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО УКРАИНА: Семејство од Скопје моли за евакуација од Киев (ВИДЕО)

ДИПЛОМАТСКИОТ ПЕРСОНАЛ ЕВАКУИРАН, МАКЕДОНЦИ СЕ УШТЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО УКРАИНА: Семејство од Скопје моли за евакуација од Киев (ВИДЕО)

Скопјанецот Сашо Андонов, неговата сопруга Татјана и двете ќерки се меѓу луѓето кои зад себе во Киев ги оставиле македонските дипломати кои веќе се евакуирани од опасната локација.

Тие апелираат за помош од македонските власти кои најавиле дека ќе им помогнат на македонските државјани заглавени во Украина, пишува порталот Експрес.мк.

Андонови кои се македонски државјани а живеат во Киев биле во контакт со македонската амбасада во главниот град на Украина. Од таму им било ветувано дека ќе бидат евакуирани со помош на амбасадата на Македонија.

Веста дека амбасадорот Ефремов и другите дипломати заминале од Киев без да бидат евакуирани и малкумнината македонски државјани ја дочекале со огромно разочарување.

Сега апелираат за било каква помош од македонските власти.

Предходно напишале писмо до македонското МНР но не добиле никаков одговор.

При контактите со амбасадата не ни помислиле дека ќе бидат оставени сами да се снаоѓаат да заминат од градот каде ноќеска се водеа улични борби.

Андонов знае за уште едно македонско семејство во Киев но нема идеја како можат тие да го напуштат градот кој вечерва пак се соочува со воени операции.

Полицискиот час во Киев трае од 5 попладне до 8 часот наутро. Потоа сите се кријат по подруми, скривници и други побезбедни места.

Еден од главните проблеми во моментов е тоа што надвор од полицискиот час работи само една на дваесетина аптеки.

Најбезбеден начин според Андонов да се замине од Киев и Украина е автобус. Тој има информации дека се случувало да биде пукано на возовите кои носат раселени лица надвор од Киев.

Андонови сега се пред тешка ноќ додека околу нив се водат борби во главниот град на Украина.

Видео апелите на македонските државјани кои што се заглавени во Украина можете да ги погледнете ТУКА

Најнови вести