До крајот на денот ќе се намали временската нестабилноста и ќе се намали и ветерот. Во вечерните часови кон југоисток ќе има мала до умерена облачност која ќе се намалува. Во текот на ноќта облачноста ќе се намалува и ќе дува слаб северозападен ветер, соопштија од УХМР.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 а максималната од 34 до 41 степен.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.