четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА САМО УШТЕ ДВА СПОЕНИ ВИКЕНДА – во мај ќе одмараме дури два дена, во јуни само еден, ова се сите неработни денови

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА САМО УШТЕ ДВА СПОЕНИ ВИКЕНДА – во мај ќе одмараме дури два дена, во јуни само еден, ова се сите неработни денови

Во понеделник ни доаѓа уште еден неработен ден и споен викенд, а потоа во месец мај ќе одмараме уште еднаш и тоа на 24 во вторник.

Следен споен викенд имаме дури на 10 јуни кога е Духовден, а потоа само уште еден дури на 23 октомври кои се паѓа во недела, но се префрла за во понеделник.

Согласно со Законот за празниците на Македонија во 2022 година неработни денови се:

За сите граѓани

• 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,
• 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
• 02 август (вторник), Ден на Републиката,
• 8 септември (четврток), Ден на независноста,
• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
• 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 5 окомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Најнови вести