Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните, а потоа и во останатите подрачја. Попладне и во текот на ноќта кон петок врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни и поројни (локално над 30 л/м2).
Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд.
Времето во следните денови:
Во петок во текот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престануваат.
Од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.