Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.
Изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја ќе има и во четврток. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец.
Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во северните делови.
Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно време.