петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Додека Ѓорчев говори како Македонија се гуши во загаден воздух, Шилегов си игра игрици (ВИДЕО)

Додека Ѓорчев говори како Македонија се гуши во загаден воздух, Шилегов си игра игрици (ВИДЕО)

Македонија е земјата со најголемо загадување во Европа. Имавме луѓе кои што се тука присутни, а кои што чекореа низ скопските улици, еден месец од избори и веднаш и велеа „ Гласајте за нас ние ќе донесеме чист воздух“, тука е и градоначалникот Шилегов, тука е и министерот за администрација Манчевски, тука е граѓанскиот активист , а сега е пратеник Павле Богоевски, тука е градоначалникот Златко Марин кој што нели знаеме дека го љуби зеленилото многу е по зелените површини и покажа голема „вондредна способност“ за овие година дена. Тука имаме луѓе кои што преку селфи фотографии ги градеа своите политички кариери, кои што не ги исполнија своите дадени ветувања, дали бил тоа министер за пропаганда односно нели министер за отчетност, транспарентност и вистина Роберт Поповски, дали се тоа останатите пратеници, министри, заменици министри и останати, појасни пратеникот Владимир Ѓорчев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавањето на Комисијата за животна средина.

Ѓорчев образложи дека ветувањата што СДСМ ги даде ништо не се оствари. Нивните ветувања останаа во заборав. Ние знаеме дека оваа партија е слаткоречива, се ќе вети само за да дојде на власт, а кога ќе дојде се заборава и се граба по парите на граѓаните. За овој период единствено го осиромашивте народот, го соголивте и наспроти тоа дишат загаден воздух. Болниците се преполни од граѓани кои имаат респираторни заболувања, а власта се расфрла со народни пари за лубриканти и разно разни луксузи.

Наспроти говорот на пратеникот Ѓорчев, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов додека траше расправата си играше игри на својот мобилен телефон, успешно поминуваше нивоа и не беше заинтересиран за тоа што се предлага.

Најнови вести