понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Додека народот чека одговори за трагедијата: Заев и Филипче избегаа од медиумите, не дадоа изјава

Додека народот чека одговори за трагедијата: Заев и Филипче избегаа од медиумите, не дадоа изјава

Голема трагедија вечерва се случи во Македонија. По големиот пожар во модуларната болница во Тетово, големиот број на жртви, народот чека одговори.

Изјави од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, очекувавме по итниот кризен штаб, но тие избегаа од медиумите,

Делегацијата во која беа премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети, министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот Артан Груби, одлучи да не даде изјави.

„Изјави ќе нема додека работат…форензичари, експерти… Преуранети изјави може да направат проблем“
изјави премиерот Зоран Заев.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи застана пред камерите, но најголем дел од својата изјава ја даде на албански јазик. Од тоа што го кажа на македонски, пренесуваме дека одлучиле да не зборуваат ништо пред официјалните извештаи од институциите.

Најнови вести