Тројца инспектори од одделот за економски криминал при МВР утринава дојдоа во редакцијата на НетПрес по наредба, како што рекоа, на јавен обвинител, пренесува порталот.
Тие извршија разговор со главниот уредник на НетПрес, Дејан Николовски, а во врска со објавен текст за случајот со тендерот на Mакедонскиот систем за воздухопловна навигација (М-Нав) за набавка на нов систем за контрола на летање, вредна околу седум милиони евра.
НетПрес за овој случај во декември, лани, објави серија текстови поткрепени со документација. Инспекторите на МВР од главниот уредник бараа информација од каде се добиени документите.
Според документот од Обвинителството, за случајот во тек е кривична постапка за кривично дело Оддавање и неовластено прибавување на деловна тајна по член 281 од Кривичниот законик.
Инаку како што е познато во јавноста, токму за овој случај неколку месеци по објавите на НетПрес, беа објавени и аудио снимки.
Инаку, новинарите во моментов протестираат пред Основното јавно oбвинитeлство и пред Сyдовите.
МАН ги повикува новинарите и слободумните граѓани да се придружат на денешниот пpoтecт за слобода на говорот.
Ваквата реакција на МАН следува по се поголемиот и cилен политички пpитиcoк врз новинарите и медиумите, што власта го спроведува преку пpaвосудниот систем.
Мотото на пpoтестот е: На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апceња и пpoгони!