Правосудството е во грч од енормниот притисок на СДС. Хунтата предводена од СДС ги деградира законите и правната држава. Додека рочиштата за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се процесуираат експресно, рочиштата за Заев се одлагаат и за повеќе од месец дена. Изговорите на Заев за неприсуствување на судски рочишта се потрошија, па сега на изговори го принудува судот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Основен принцип на секоја судска постапка е ефикасност и ефективност, тоа важи за сите само не за Заев. Случајот „Поткуп“ во кој Заев е фатен инфлагранти како бара поткуп се одложува во низа е класичен пример за заробено судство. Притисокот кој го спроведува хунтата на Заев го доведува правосудството во апсурдни ситуации, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Зоран Заев и се додава:
„Република Македонија нема повеќе независно судство. Судиите се принудени да одлучуваат спротивно на законот. Судот е принуден да одлага рочишта за криминалот на Заев кој е видлив за целата македонска јавност. Од друга страна под истата принуда ги извршува барањата за притвор на ОЈО произлезени од монтираниот случај за лицата од настаните од 27 април. Правосудните органи треба да знаат дека обврска на еден судија е да одлучува во согласност со законите и да одолее на притисокот независно на неговата големина“.
Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, мора да биде демократска држава во која се почитува принципот на владеење на правото.