На електронскиот систем на Бирото за јавни набавки може да се забележи јавна набавка во вредност од 847 илјади денари или околу 14.000 евра, каде договорен орган е градот Скопје, а предмет на договорт е анкета за истражување на јавното мислење.
Петре Шилегов од градската каса исплатил цели 14.000 евра за анкетирање на граѓаните, за својот личен рејтинг, додека Скопје го доби приматот на најзагадениот град во светот.
Јавноста во голем процент негативно реагираше на ваквото расипничко работење и трошење на парите на граѓаните од градската каса. Додека средствата во општините се користат далеку од рационално, државата се спрема да прави нов ребаланс на буџетот и нови задолжувања со цел доделување на финансиска помош на општините.
Шилегов покрај вртоглави 14.000 евра за анкета, потроши неколку стотици илјади евра за чистење на есенските лисја, а на ред е отстранувањето на галиите од Вардар кое ќе чини 5 милиони евра, сума која е поголема и од цената на поставување на галиите која изнесуваше 3 милиони евра.
Скопје, за жал, за време на мандатот на градоначалникот Шилегов го доби приматот на најзагаден град во светот, буџетот на Министерството за заштита на животната средина е најмал во историјата на Македонија, а Шилегов во континуитет се правда дека во кампањата не ветил итно решение со проблемот на загадувањето во Скопје.