Додека во регионот, Србија претседателот Александар Вучиќ дели бесплатни пакети за пензионерите со витамини во Македонија власта лета со хеликоптери или вози мотори. Премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче не смислија ниту еден проект, помош,со кој би им ја олесниле битката на граѓаните напротив ги оставија сами на себе.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во текот на вчерашниот ден ги презентираше витамините што државата ќе им ги даде на пензионерите. Вучиќ на својот Инстаграм профил покажа витамини.
-Во оваа торба е она што треба да го добиете од вашата земја затоа што го заработивте, градевте многу и сторивте сè во земјата што ја наследивме. Цинк, витамин Д3, витамин Ц за зајакнување на организмот и имунитет, потенцира Вучиќ во видеото.
Во Македонија покрај тоа што нема вакцини доцнат економските пакет мерки за помош на граѓаните и справување со пандемијата и не даваат резултати власта не смисли ниту еден проект да им ја олесни битката на граѓани во време на пандемија. Целокупниот трошик падна на грбот на граѓаните.