понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпишува в недела во Преспа, „Катимерини“ го најавува Столтенберг како гостин

Договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпишува в недела во Преспа, „Катимерини“ го најавува Столтенберг како гостин

Договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во Преспа, но на територијата на БЈРМ, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Најверојатно денот на потпишување ќе биде недела – 17 јуни. Како што е познато договорот ќе го потпишаат двајцата министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на потпишувањето ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Сведок ќе биде медијаторот од ОН, Метју Нимиц. Како што најавуваа дел од медиумите, на потпишувањето се очекува да бидат присутни и првиот човек на ОН, Атонио Гутереш, и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

„Катимерини“ пишува дека во Преспа ќе биде присутен и првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг.

Најнови вести