Упатена закана за поставена експлозивна нaправа денеска по електронска адреса доби едно основно училиште во Крива Паланка.
-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот, информира МВР.
Утринава лажни дојави за бомби добија и три основни училишта во скопско. По полициските проверки се утврди дека се работи за лажни пријави.