понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дојде животот: Двојно ќе се оданочуваат граѓаните кои имаат дополнителен приход над милион денари годишно

Дојде животот: Двојно ќе се оданочуваат граѓаните кои имаат дополнителен приход над милион денари годишно

Владата на СДСМ во својата изборна програма на граѓаните ветуваше подобар живот, повеќе пари за граѓаните ,поврат на ДДВ на годишна основа и дополнителни 30 000 денари за секое четиричлено семејство на крајот од годината како резултат на враќање на  средства од буџетот собрани од данокот на додадена вредност, како дополнителна и директна помош за зголемување на стандардот на граѓаните.

Во изминатите 8 месеци владата СДСМ, крахираше во сите сегмени на економските ветувања и економските политики кои ги дадоа пред граѓаните.

Владата на СДСМ и Зоран Заев ветуваше дека веднаш по доаѓањето на СДСМ на власт, на крајот од годината едно четиричлено семејство ќе добие дополнителни 30 000 денари, но наместо намалување на даноците и враќање на парите од данокот на додадена вредност, на граѓаните им се воведоа нови дополнителни давачки кои директно удрија врз нивниот џеб и дополнително го намалија и онака нискиот стандард кој граѓаните го имаат.

По серијата нови давачки кои владата на СДСМ ги воведе кон граѓаните, СДСМ почнува со оданочување на сите физички лица кои имаат годишни приходи од над милион денари. Ако се направи една едноставна пресметка ќе се добие податок дека секој оној кој годишно заработува над 16 000 евра, владата на СДСМ ќе го задолжи да се регистрира како ДДВ обврзник.

На тој начин за секој остварен приход каде е исклучен персоналниот данок на доход ќе се плаќа и ДДВ. На овој начин физичките лица се ставаат во нерамномерна положба во однос на компаниите, бидејќи ќе бидат двојно оданочени, и со персонален данок на доход и со ДДВ.

Според владата на СДСМ, секој оној кој ќе заработува дополнителен приход од над 1300 евра месечно, ќе биде двојно оданочен и со персонален данок од 10% и со данокот на додадена вредност од 18%..Согласно пресметките на крајот од годината секој оној кој заработува околу 80 000 денари месечно, како дополнителен приход, ќе биде оданочен со над  250 000 денари на вкупната сума од 12 месеци.

Според законот, владата на СДСМ предвидува сите оние физички лица кои нема да се пријават како ДДВ обврзници, да платат казни во висина од 250 до 375 евра.

Во предизборниот период СДСМ на граѓаните и на фирмите им ветуваа дека ќе го вратат прагот за оданочување на 2  милиони денари, со што голем дел од малите фирми и граѓани кои имаат приход од  2  милиони денари годишно нема да бидат ДДВ обврзници.

Во текот на 2016 година, тогашниот функционер на СДСМ и дополнителен министер за финансии Кире Наумов на средби  со стопанственици и граѓаните, ветуваше дека откако СДСМ ќе дојде на власт, ќе има  зголемување на прагот на ДДВ на 2 милиони денари за фирмите и граѓаните, со што дополнително ќе се ослободеле малите фирми и граѓаните од нови давачки за ДДВ.

Лошите економски политики кои владата на СДСМ ги води во изминатите осум месеци,кон странските инвеститори,трошењето буџетски пари на непродуктивни ставки, без сериозни економски политики, придонесоа да се воведуваат вакви дополнителни даноци за граѓаните за да се полни кревкиот буџет на владата.

Најнови вести