петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Докажано, обвинителството ја потврди лажната вест на власта за монтираниот случај „Делчевски ниви“, со кој ДУИ и СДС, се обиде да ја оцрни ВМРО-ДПМНЕ“

„Докажано, обвинителството ја потврди лажната вест на власта за монтираниот случај „Делчевски ниви“, со кој ДУИ и СДС, се обиде да ја оцрни ВМРО-ДПМНЕ“

Уште една лага од СДС и ДУИ, падна во вода, која беше секојдневно лиферувана, по владините медиуми, во врска со таканаречените делчевски ниви, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ..

Нивните лаги ги потврди дури и нивното обвинителство, кој тие го контролираат, во недостиг на ни еден доказ, со кој се потврдува лажното обвинение, кое беше конструирано од власта.

Самиот документ го потврдува тоа кој гласи:

„По анализа на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказот на осомничените, како и сите обезбедени материјали, во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка, не произлегоа ниту материјални, ниту вербални докази, кои би го потврдиле основното сомнение, дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените, се кривични дела, за кои, се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не превзеле дејствија, кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела“.

По ова сега, докажано како измислено обвинение, без докази, очекуваме по истото да се произнесе власта и во најмала рака да се извини пред народот, за лажните обвинувања, стои во соопштението на партијата.

Најнови вести