понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доказите на Вилма за „тероризам“: Канческа од Јанакиески бара труби и свирчиња за синот и неговите другари

Доказите на Вилма за „тероризам“: Канческа од Јанакиески бара труби и свирчиња за синот и неговите другари

Меѓу бројните пораки кои денес како дополнителен доказ беа презентирани од Вилма Рускоска на судењето за организирање на 27-ми април, имаше и такви во кои екс-министерката Елизабета Канческа-Милевска се обидува да најде свирчиња и труби за нејзиниот син и неговите другари.

„Свирчиња ми требаат.“ „И труби.“ „Многу ми требаат.“ „На Јаков му требаат за другарите.“

Ова се некои од пораките кои Канческа-Милевска ги пишува кон Миле Јанакиески. Како со овие пораки Рускоска планира да докаже терористичко загрозување на уставниот поредок останува мистерија.

Околу свирчињата и Рускоска постои врска ако се поврзе шарената револуција од која Рускоска призна дека била дел, со сведоштвата на учесници кои слушале команди како „ајмо звиждаљке“ (ајде /со/ свирчињата) од челото на колоната на протестите на шарената револуција.

Тогаш никој не беше обвинет за терористичко загрозување на Уставниот поредок, иако имаше напад на полицајци и палење на канцеларија на Претседателот на државата.

Најнови вести