вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Донација од АВМУ за починатите и повредените во автобуската несреќа во Бугарија

Донација од АВМУ за починатите и повредените во автобуската несреќа во Бугарија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одлучи да додели финансиска помош за македонските државјани кои загинаа, како и за оние кои се повредени во автобуската несреќа што се случи во Република Бугарија.

-Донацијата е во висина од 60.000 денари за секое загинато лице поединечно. За лицата коишто се наоѓаат на болничко лекување, финансиската помош е во висина од по 30.000 денари. Финансиските средства ќе бидат уплатени преку Црвениот крст на РСМ.

Агенцијата изразува длабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите лица во оваа трагедија. На сите повредени лица им посакуваме побрзо оздравување, информираат од АВМУ.

Најнови вести