петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Донесена одлука за испраќање 31 припадник на Армијата во КФОР во Косово

Донесена одлука за испраќање 31 припадник на Армијата во КФОР во Косово

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање на 31 припадник на Армијата на Република Македонија за учество во НАТО операцијата КФОР во Република Косово за период од шест месеци, сметано од август 2022 година, како и одлука за испраќање на двајца припадници на Армијата за учество на вежбата „ANATOLIAN EAGLE 22“ во Република Турција, соопшти владината прес-служба.

Исто така, е донесена и Одлука за одобрување, влегување и престој на 33 припадници на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ (SOUTH EAST EUROPE BRIGADE – SEEBRIG), од Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Романија и Република Турција со материјално – технички средства, воени моторни возила и опрема на територијата на Република Македонија, кои заедно со девет припадници на воениот и цивилниот персонал на Армијата на Република Македонија, ќе учествуваат во извршувањето на должностите во Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ. (МИА)

Најнови вести