Доверители на „Фени” и денеска протестираат, барајќи да им бидат исплатени побарувањата. До 16 часот ќе биде блокиран патот од Кавадарци кон Дреново.
Реџеп Елмаслари од Платиниум АЛБ- Тирана, рече дека дошле од Албанија на протестот.
– Нашата фирма го снабдуваше „Фени” со руда. Од јули минатата година ни ги немаат исплатено нашите побарувања. Нашата фирма ги има платено сите побарувања од државата, ги плаќавме работниците, а сега не можеме да си ги наплатиме нашите побарувања, изјави тој информирајќи дека ќе продолжат со протести и на територијата на Албанија.
Рече дека за ова го известилеМинистерството за индустрија и за транспорт и премиерот Еди Рама.
– Ќе го блокираме граничниот премин Ќафасан, нема да дозволиме ниту еден камин со македонски регистарски ознаки да влезе или излезе, нагласи тој во изјава за медиумите.