Нивото на повеќето реки во земјава е околу или нешто под просекот за октомври, покажуваат денешните хидролошки мерења. Драстичен пад бележи само Вардар кај Јегуновце.
Според УХМР, позначителни намалувања на водостоите има и на Треска кај Македонски Брод и на Струмица кај Ново Село.
Вардар, пак, кај Велес бележи речиси двојно зголемување.
Состојбата со езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, е без поголеми промени. (МИА)